Специјалист по нуклеарна медицина
Медицински Директор
Вонр. Проф. Д-р Ана Угринска е медицински директор на Унивезитетскиот институт за позитронско емисиона томографија. Таа има 25 годишно искуство во нуклеарната медицина и патофизиологијата. Долгогодишно искуство во лечење на тироидните болести и тироидниот карцином. Посебен професионален и научен интерес за проф. Угринска е нуклеарната онкологија, вклучително хибридните техники и позитронско емисионата томографија. Таа ја има комплетни посветено својата професионална кариера на развој и подобрување на дијагностичките и терапевтските процедури кај пациентите со малигни заболувања.
Познавањата од нуклеарната онкологија ги има продлабочено и усовршено во тек на подолги стручни престои во одделот за нуклеарна медицина во универзитетската болница во Лајден, Холандија, во одделот за позитронско емисиона томографија при националниот онколошки институт во Милано, Италија и во одделот за нуклеарна медицина на Универзитетот во Ан Арбор, Мичиген, САД. Поле на научен интерес во моментот за неа се хибридните техники кај пациентите со карцином на дојка и простата и оптимизација на радиојодната терапија кај тироидниот карцином.
Во моментот е вонреден професор на катедрите за нуклеарна медицина и патофизиологија на медицинскиот факултет „ Св. Кирил и Методиј “ во Скопје и предава на додипломските и последипломските студии од двете области. Автор и коавтор на повеќе од 50 научни трудови и поглавја од книги во областа на нуклеарната медицина, поканет предавач на повеќе конференции, учесник и координатор на национални и меѓународни проекти.
Проф. Угринска е член на македонското лекарско друштво, македонската асоцијација за нуклеарна медицина, европската асоцијација за нуклеарна медицина (ЕАНМ), светската федерација за нуклеарна медицина и биологија (СФНМБ), светската асоцијација за терапевтски радиофармацевтици. Активно вклучена во промоција и развој на нуклеарната медицина на Балканот. Неколку години била нацинален делегат во ЕАНМ, а во моментот е национален делегат во светската федерација и задолжена за соработка помеѓу СФНМБ и СЗО за Европа. Претседател на македонската асоцијација за нуклеарна медицина и едитор за Македонија на стручниот часопис Nuclear Medicine Review.