Што е тоа ПЕТ/КТ?

ПЕТ/КТ е хибриден дијагностички метод кој најчесто се користи во онкологијата иако се почесто се користи и во кардиологијата, неврологијата и други гранки на медицината.

ПЕТ скенот кај болните со малигни заболувања овозможува следење на метаболизмот на клетките со помош на флуородеоксигликоза која е аналог на гликоза радиообележан со позитронски емитер 18 F. Клетките на туморите имаат поголем метаболизам од останатите па поради тоа акумулација на радиотрасерот во нив е многу поголема. Заради тоа со помош на ПЕТ скенот многу прецизно може да се утврди дали карциномот е проширен низ телото, ефикасноста на терапијата при третманот на карцином, или пак да се утврди постоење на рецидив на болеста.

Кај пациентот при едно скенирање се прави и позитрон емисиона томографија (ПЕТ) и компјутеризирана томографија (КТ). Ваквиот хибриден ПЕТ/КТ скен им овозможува на докторите ги користат предностите и на функционалната ПЕТ дијагностика и на морфолошко-анатомската дијагностика.

Закажете ПЕТ скен!

Јавете се на +389 (0)2 307-90-80