Кои сме ние

Универзитетскиот институт за позитронско-емисиона томографија е јавна здравствена установа со најсовремена опрема за ПЕТ/КТ дијагностика во регионот, наменета пред се за болните со малигни заболувања. Институтот е изграден и опремен по најсовремени стандарди, со тим на вработени едуцирани во врвни светски установи нуди високо професионални услуги за онколошките пациенти.

Радиофармацевтиците неопходни за ПЕТ/КТ иследувањето се подготвуваат во одделот за прозводство на радиоизотопи и радиофармација во склоп на Институтот. Одделот е опремен со циклотрон, три производствени лаборатории и две лаборатории за контрола на квалитет.

Производството на радиофармацевтици е согласно на правилата на добрата производствена пракса.

Покрај здравствената, институтот се бави со едукативна и научно истражувачка дејност од областите на нуклеарната медицина, медицинската физика, радиофармацијата, радиохемијата и радиологијата. Институтот е наставно-научна база на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје и соработува и со Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Покрај соработката со универзитетите во земјата УИ ПЕТ соработува со универзитети во странство и вклучен е во проекти на меѓународната агенција за атомска енергија.

Услугите за македонските осигуреници може да ги закаже Вашиот доктор преку системот „Мој термин“.

Со оглед на тоа дека институтот е единствена институција од овој тип во регионот , Институтот дава услуги и на странски државјани.