Образовна и научна дејност на УИ за ПЕТ

Покрај здравствената, институтот се бави со едукативна и научно-истражувачка дејност од областите на нуклеарната медицина, медицинската физика, радиофармацијата, радиохемијата и радиологијата. Институтот е наставно-научна база на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје и соработува и со Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Покрај соработката со универзитетите во земјата УИ ПЕТ соработува со универзитети во странство и вклучен е во проекти на Меѓународната агенција за атомска енергија.

За сите потребни информации

Јавете се на +389 (0)2 307-90-80