Упатство за пациенти

Задолжително

  • 6 часа пред времето на закажаниот термин треба да бидете гладни не смеете да јадете ,пиете алкохол и течности кои содржат многу шеќери (сокови, засладени чаеви).
  • Забрането е консумација на мастики за жвакање и бонбони во тој период.
  • Избегнувајте физичка работа 24 часа пред терминот.
  • На денот на закажаниот термин да ја доставите целокупната медицинска документација релевантна за упатната дијагноза, наоди од други дијагностички испитувања: РТГ, КТ, МР, ЕХО,CD резултат од гликемија и од крвни анализи (не постари од 30 дена).
  • Понесете со вас 1,5 L обична вода.
  • Земете си ја редовната терапија наутро. Понесете го со вас списокот на лекови кои ги користите.
  • Пред снимањето задолжително во одделот за дијагностика се проверува вредноста на гликемија со глукометар. Доколку користите лекови за дијабет (шеќерна болест) или инсулинска пумпа ве молиме да не информирате ПРЕТХОДНО телефонски. Доколку користите инсулин, понесете го со вас.
  • Облечете се комотно, со облека без метални додатоци и накит.
  • Ако доцните или не сте во можност да дојдете да го извршите прегледот, ве молиме ВЕДНАШ да не контактирате.
  • Дојдете 60 минути пред закажаниот термин. Можете да дојдете со придружба доколку не се малолетни лица и трудници.
  • Целата постапка на задржување во ПЕТ Центарот трае до 3 часа.
  • Доколку поради оправдани причини прегледот не може да се изведе, ќе бидете навремено известени.
  • Користење на мобилни телефони и други електронски уреди не се дозволува да се користат за време на прегледот!

НАПОМЕНАСНИМАЊЕТО МОЖЕ ДА СЕ  ОДЛОЖИ И/ИЛИ ДА СЕ ПРЕЗАКАЖЕ НОВ ТЕРМИН во колку:

  • е спроведена радиотерапија или хируршки зафат во последните 3 месеци.
  • е спроведена хемотерапија во последните 3 недели.
  • имате покачено ниво на гликемија непосредно пред снимањето.
  • сте клаустрофобични (страв од затворен простор).
  • имате тешкотии со лежење на грб подолго време (~90 мин).
  • имате проблем со задржување на урина (инконтиненција).
  • имате страв од венепункција.

БРЕМЕНОСТ Е КОНТРАИНДИЦИРАНА ЗА ПЕТ/КТ СКЕН!