Упатство за за пациенти во услови на Covid 19 епидемија
Начинот на работа на УИПЕТ во услови на Covid 19 епидемија е прилагоден за да се обезбеди максимална заштита на пациентите.
За таа цел Ве молиме да се придржувате кон следните упатства:
- Пациентот ќе биде контактиран телефонски два-три дена пред прегледот од одговорно лице за да биде информиран околу самата процедура и воедно ќе биде побарано да сподели информации кои се неопходни за планирање на прегледот (телесна тежина и дали боледува од дијабет).
- Пациентот повторно ќе биде контактиран телефонски еден ден пред прегледот од страна на лекар, со цел:
- да би известен за точниот термин на преглед,
- да даде информации за основното заболување како и за други минати заболувања (анамнеза),
- сподели релевантна медицинска документација по електронски пат
- Пациентот е потребно да дојде во институцијата во точниот термин за кој е известен со задолжителна заштитна опрема (маска или ткаенина која ги покрива носот и устата)
- Се препорачува пациентот да дојде сам на прегледот, но доколку е неопходно може да биде во придружба, но не повеќе од едно лице со задолжителна заштитна опрема (маска или ткаенина која ги покрива носот и устата).
- На влезот во институцијата на пациентот и неговата придружба задолжително ќе му биде измерена телесна температура. Доколку телесната температура на пациентот е покачена прегледот задолжително ќе биде одложен.
- Пациентот со себе треба да понесе лична карта или друг документ за идентификација и доколку има претходни дијагностички иследувања (компјутеризирана томографија, магнетна резонанца или ПЕТ/КТ во форма на ЦД)
- Се препорачува пациентот да носи удобна облека која не содржи метал, да не носи накит, да понесе 1Л флаширана вода и лесна прекривка за телото.
- Непосредно пред прегледот на секој пациент се мери нивото на глукоза во крвта. Доколку нивото на глукоза во крвта надмине 11.0 mmol/l закажаниот преглед задолжително ќе биде одложен.
- Доколку одговорниот лекар утврди знаци или симптоми кои може да укажуваат на инфекција со SARS CoV2 (Covid 19) кај пациентот, закажаниот преглед задолжително ќе биде одложен.
За дополнителни информации, Ве молиме контактирајте не на телефонскиот број 02/ 3078098.