11 Конгрес на радиолошки технолози на Македонија
Од 04 – 06.10.2024 година во Охрид, се оддржа 11-тиот Конгрес на здружението на радиолошки
технолози на Р. Македонија. Овие два дена прикажаа мултидисциплинарна програма со теми од
областа на радиологијата нуклеарната медицина и онкологијата.
„Радиолошките технолози претставуваат битна алка во дијагностичкиот и терапевтскиот пристап
на пациентите. Развојот на технологијата неминовно го наметнува процесот на вакви едукативни
настани. Новите дијагностички модалитети и терапевтски можности мораме да ги споделуваме
на разни едукации, семинари и конгреси со цел да ги имплементираме во нашите протоколи
само за подобра грижа на нашите пациенти“ – истакна во својот говор директорката на ЈЗУ
Универзитетски Институт за позитронско емисиона томографија – доц. д-р Невена Маневска. На
овој конгрес со своја презентација активно учество земаа радиолошките технолози од ЈЗУ УИ за
ПЕТ – Дејан Богојевски и Јасмина Размоска Ѓурческа