Здравствена дејност на УИ за ПЕТ

УИ ПЕТ е јавна здравствена установа за производство на радиоизотопи и
радиофармацевтски препарати и дијагноза на метаболно функционални
промени со помош на позитронско емисиона томографија.

ПЕТ/КТ е хибриден дијагностички метод каде при едно скенирање се прави и позитрон емисиона томографија (ПЕТ), функционалната дијагностика и компјутеризирана томографија (КТ), морфолошко-анатомската дијагностика. Овој имиџинг метод  најчесто се користи во онкологијата, но исто така се користи и во кардиологијата, неврологијата, ортопедијата, инфектологијата и другите гранки на медицината.

ПЕТ скенот кај болните со малигни заболувања овозможува следење на
метаболизмот на клетките со помош на флуородеоксигликоза која е аналог на гликоза радиообележана со позитронски емитер  18  F. Клетките на туморите имаат поголем метаболизам од останатите клетки, па поради тоа акумулација на радиотрасерот во нив е многу поголема.

Индикациите за ПЕТ/КТ скен се следните:

  • одредување на стадиум на болеста
  • планирање на радиотерапија или хемотерапија
  • следење на ефектите од применетата терапија
  • одредување на рецидив на болеста
  • одредување на место за биопсија

ПЕТ/КТ скенирањата за македонските пациенти може да ги закаже вашиот лекар преку платформата „Мој термин“ .

Со оглед на тоа што УИ ПЕТ е единствена институција од ваков вид во
регионот, услугата на ПЕТ/КТскен е достапна и за меѓународни пациенти.

За сите потребни информации

Јавете се на +389 (0)2 307-90-80