Златко Филиповски е вработен во ЈЗУ Универзитетски институт за позитронско емисиона томографија на Република Северна Македонија како медицински физичар – оператор на циклотрон. Има десетгодишно работно искуство од кои пет години искуство во полето на радијациона заштита и дозиметрија и петгодишно искуство во полето на нуклеарна медицина во производство на ПЕТ радиоисотопи и Позиторнско емисиона томографија. Во 2020 се стекна со звањето специјалист по медицинска нуклеарна физика.
Златко Филиповски дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на Природно математичкиот факултет на Институтот за физика во 2012 година и се стекнува со звање дипломиран инженер по физика – медицинска физика. Своето образование го продолжува на Универзитетот во Падова, Италија каде што во 2018 година завршува магистерски студии и стекнува диплома магистер по “Surface treatments for industrial applications”.
Има посетено повеќе едукации и дообуки во полето на работа и производство на ПЕТ радиоизотопи, работа и одржување на циклотрон во Универзитетската болница “S.Orsola – Malpighi“ во Болоња, Италија, Обука за производство на радиоизотопи со циклотрон во Корејскиот институт за радиолошки и медицински науки во Сеул, Ј.Кореа. Покрај обуките зема учество и во неколку научни конгреси и симпозиуми каде што се презентирани научни истражувања во кои се јавува како автор или ко-автор кои опфаќаат теми од полето на радијациона заштита, нуклеарна медицина и позитронско емисиона томографија.