HealthFlex
×
  • Почетна
  • Универзитетски Институт за ПЕТ/КТ
    • Здравствена дејност
    • Производствена дејност
    • Образовна и научна дејност
  • Нашиот тим
  • Информации
    • Упатство за пациенти
    • Документи од јавен интерес
    • Огласи
  • Контакт
  • Новости
  • македонски
    • English
М-р Маја Чочевска

М-р Маја Чочевска

Хемиски инженер

М-р Маја Чочевска е вработена на одделот за производство на радиофармацевтски препарати во ЈЗУ Универзитетски институт за позитронско емисиона томографија. Дипломирала Аналитичка биохемија и магистрирала Аналитичка хемија на Институтот за Хемија при Природно-математички факултет на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во тек е со докторски студии по фармацевтски науки со интерес за истражување во полето на радиофармацевтска хемија.

Избрана е за асистент-докторанд во наставно – научната област Хемија на Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Таа е автор и коавтор на неколку научни трудови и учесник во неколку национални и меѓународни научно-истражувачки проекти, а учествувала на повеќе домашни и меѓународни конгреси и работилници од областа на хемијата и радиофармацијата.

Има реализирано неколку обуки за стручно усовршување од областа на радиофармацијата во земјата и странство, вклучувајќи го Центарот за нуклеарна медицина во Поликлиника Сент Орсола – Болоња, Лабораторија за радиоизотопи и Центар за перманентно oбразование на Институт за нуклеарни науки Винча, Белград.

Како стипендист на Германската организација за размена на студенти (DAAD) има реализирано повеќе научно истражувачки престои од областа на аналитичка хемија на Универзитетот Babes-Bolyai во Романија, Национален институт за хемија во Љубљана, Институт за неорганска хемија во Лајпциг, Технички универзитет (TUM) во Минхен.

BACK

Јавна Здравствена Установа
Универзитетски Институт за позитронско-емисиона томографија
на Република Северна Македонија

+389 2 307 80 98

jzu.uipet@uipet.mk

https://uipet.mk

Бледски договор бр.10, 1000 Скопје

РАБОТНО ВРЕМЕ

ПОНЕДЕЛНИК 08:00-18:00
ВТОРНИК 08:00-18:00
СРЕДА 08:00-18:00
ЧЕТВРТОК 08:00-18:00
ПЕТОК 08:00-18:00
САБОТА ЗАТВОРЕНО
НЕДЕЛА ЗАТВОРЕНО
Авторско право ©2019 сите права се задржани