Упатство за пациенти

ВРЕМЕ НА ДОАЃАЊЕ

  • дојдете 40 - 60 минути пред закажаниот термин. Можете да дојдете со придружба доколку не се малолетни лица и трудници
  • доколку доцните или не сте во можност да дојдете да го извршите прегледот, ве молиме ВЕДНАШ да не контактирате
  • целата постапка на задржување во ПЕТ Центарот трае до 3 часа
  • доколку поради оправдани причини прегледот не може да се изведе, ќе бидете навремено известени

ШТО СМЕЕТЕ ДА ЈАДЕТЕ И ПИЕТЕ

  • 4 - 6 часа пред времето на закажаниот термин може да внесувате само незсладена вода. Понесете со вас 1,5 L обична вода
  • забранети се мастики за жвакање и бонбони во тој период

ШТО ТРЕБА ДА СЕ ИЗБЕГНУВА

  • избегнувајте физичка работа 24 часа пред терминот

ПРОЦЕДУРА НА ПЕТ/КТ СКЕН

  • на денот на закажаниот термин да ја доставите целокупната медицинска документација релевантна за упатната дијагноза, наоди од други дијагностички испитувања (РТГ, КТ, МР, ЕХО,CD резултат), не постари од 12 месеци, како и лабораториски наоди (гликемија, крвна слика, туморски маркери не постари од 3 месеци)
  • земете си ја редовната терапија наутро и понесете го со вас списокот на лекови кои ги користите
  • пред снимањето задолжително во одделот за дијагностика се проверува вредноста на гликемија со глукометар. Доколку користите лекови за дијабет (шеќерна болест) или инсулинска пумпа Ве молиме да не информирате телефонски ПРЕД ДЕНОТ на снимање. Доколку користите инсулин, понесете го со вас
  • по измерената гликемија, медицинската сестра ќе ве упати кон просторијата за апликација на радиофармацевтикот и собата за мирување, каде ќе треба да мирувате 60 минути
  • по тој временски интервал радиолошкиот технолог ќе ве внесе во собата за скенирање и ќе ви ја објасни процедурата на снимање

ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА СНИМАЊЕ

  • пожелно би било да избегнување контакт со мали деца и бремени жени во наредните 24 часа

За сите прашања контактирајте не на телефонскиот број 02 3078 098